нелуѓе само мн.
нечовек м.

нелуѓе (само мн.)

За сите луѓе и не-луѓе под овој свод – не играјте си Господ!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Потоа почна да му вика: - Вие сте на нивна страна. На страната на тие нелуѓе!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тргна. Натоварен со тешка вреќа пченични зрна, која неизмерно му тежеше, првин тргна по патот, на кој можеше да сретне само луѓе и нелуѓе, низ чии што очи се наѕираа поткренати на прсти, доблестите или стрчеа искри на гнев, кои му предизвикуваа збунетост, до степен на треперење, наежување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Каде е таа? Кај кои луѓе? Нелуѓе. - Страшно, - прошепоти.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)